Брансон го торпедираше Мајами Хит

Брансон го торпедираше Мајами Хит

пред 6 часа

Кошаркарите на Њујорк Никс го победија Мајами Хит на домашен терен со 132:125, во рамките на НБА лигата..

Џејлен Брансон блескаше во редовите на Никс, го предводеше својот тим со 47 поени, на кои придодаде три скока и осум асистенции.

Мајами го отвори натпреварот подобро и стигна до +7 на крајот од првата четвртина.
Никс ја намалија предноста на Мајами во втората четвртина и го презедоа водството.

Покрај Брансон, кај Никс се истакна Мајкл Бриџис со 24 поени и четири асистенции, по него следеше Оу Џи Анунуби со 18, а Џош Харт оствари дабл-дабл со 13 поени, 10 скока и пет асистенции.

Калил Вер се истакна кај Мајами со 28 поени и 19 скока, по него следуваше Хаиме Хакез Џуниор со 23 поени и пет асистенции, додека Норман Пауел имаше 22 поени, четири скока и три асистенции.

Никс се на второто место на Истокот со 20 победи и осум порази, додека Мајами е на седмото место со резултат од 15-14.

НБА, резултати:

Бруклин Нетс – Торонто Репторс 96:81
МинесотаТимбервулвс – Милвоки Бакс 103:100
Вашингтон Визардс – Сан Антонио Спарс 113:124
Сакраменто Кингс – Хјустон Рокетс 125:124

Share
Scroll to Top