Брајтон одби 60 милиони евра за Минтех

Брајтон одби 60 милиони евра за Минтех

пред 5 часа

Ливерпул му испрати на Брајтон понуда вредна околу 58 милиони евра за Јанкуба Минтех (22). Челниците на Брајтон експресно ја одбиле понудата, објавија „Гардијан“ и „Тајмс“.

Гамбискиот интернационалец е отворен за преселба на „Енфилд“, па се очекува Ливерпул да испрати нова понуда.

Според „Трансфермаркт“, Минтех вреди 45 милиони евра.

Ливерпул бара двајца нови крилни играчи пред крајот на преодниот рок. Тој го гледа Минтех како опција на десната страна по заминувањето на Мохамед Салах, додека сè уште се обидува да го доведе Бредли Баркола од ПСЖ.

Минтех моментално е повреден и би можел да отсуствува уште осум недели, но тоа очигледно не е пречка за Ливерпул.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top