Бруно Фернандеш, синоќа, го урна рекордот на Френк Лампард. Португалецот, го постигна првиот гол, во поразот на Манчестер јунајтед од Ливерпул (2:4).
Голот што го постигна во 10.минута, беше прв на овој натпревар и вкупно 18 за Португалецот оваа сезона.
Ова е најголем број на голови што ги постигнал во една сезона, фудбалер кој игра во редот за врска. Претходниот рекорд го држеше легендата на Челси, Френк Лампард.