Бунт во репрезентацијата на Србија

Бунт во репрезентацијата на Србија

пред 5 месеци

Неполни 12 часа по елиминацијата на репрезентацијата на Србија од Европското првенство, српските таблоиди објавија дека дел од репрезентативците кренале бунт против селекторот Драган Стојковиќ Пикси. Инаку, Србија во Ц групата, заврши на последното место зад Англија, Данска и Словенија. Овие три селекции изборија место во осминафиналето.

Б92, повикувајќи се на таблоидните медиуми во Србија, објави дека Душан Тадиќ, Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и неговиот брат Вања наводно изјавиле дека нема да играат за репрезентацијата се додека на селекторската позиција е Драган Стојковиќ..

Тадиќ е лут бидејќи тешко ја прифати одлуката натпреварот со Англија во првото коло да го започне од клупата за резерви. Исто така тој беше резерва и во решавачкиот против Данска.

Александар Митровиќ е далу од она што некогаш беше. Тој беше незадоволен кога Писки го замени против Англија, а синоќа по мечот со Данска рече дека веројатно тактиката не била добра.

Што се однесува до Сергеј Милинковиќ-Савиќ, тој не воодушеви со своите игри на ова ЕП.

Првиот натпревар против Англија го започна од првата минута, но беше заменет на полувремето, а против Словебија и Данска беше резерва.

Што се однесува до неговиот брат Вања, ваквата гласина е сосема очекувана со оглед на тоа што беше прв голман во Лигата на нации и квалификациите, но местото го загуби ЕП од Предраг Рајковиќ, кој веројатно беше најдобрито играч на Србија.

Сепак, Телеграф пренесува дека Рајковиќ се солидаризирал со поискусните соиграчи и наводно повеќе нема да игра за Србија се додека Драган Стојковиќ е на селекторската позиција.

Српските фудбалери вечерва се враќаат во Белград.

Share
Scroll to Top