Вардарци шампионски против амбициозниот битолски ривал 35-27

Вардарци шампионски против амбициозниот битолски ривал 35-27

пред 4 години

Актуелниот македонски ракометен шампион, тимот на Вардар 1961 попладнево во салата „Јане Сандански“ во Скопје славеше убедлива победа со 8 гола разлика против големиот ривал, битолски Еурофарм Пелистер со резултат 35-27.

Иако ракометното дерби се најавуваше целата седмица, тоа не донесе неизвесност каква што се очекуваше. Скопскиот тим доминираше, а во еден момент од второто полувреме вардарци имаа предност и од +10.

Резултатот беше изедначен само во првите петнаесетина минута, но откако Вардар заигра посилно во одбраната, резултатот на семафорот се смени. „Црвено-црните“ предводени во тој период од Гаџа направија добра предост 13-7 што ја контролираа до крајот на првиот дел. На полувреме се отиде со +5 за актуелниот шампион, 17-12.

Битолската екипа на стартот на второто полувреме се обиде да фати приклучок со игра „7 на 6“, но тактиката не вроди со плод. Вардарци се одлепија на +8 (23-15), па амбициите на избраниците на Жељко Бабиќ како да спласнаа.

До крајот на мечот вардарци рутинирано го приведоа до крај мечот кој се очекуваше да биде вистинско ракометно дерби.
Анте Гаџа и Дисингер со по 7 гола беше најпрецизни во победничкиот тим, додека Чупиќ постигна 5.

Кај Еурофарм Пелистер најрасположени за игра беа Стипе Мандалиниќ со 8 гола и Граџан со шест гола.
Фото: ФБ – РК Вардар 1961

Share
Scroll to Top