Вардар го победи Флензбург, прва победа во Лигата на шампионите

пред 4 години

Македонскиот шампион Вардар оствари голема победа над Флензбург од 31:26 во ЕХФ Лигата на шампионите, откако беа откажани претходните два натпревари на кои требаше да игра.Ова е прва победа во новата сезона. Тимот на Стевче Алушевски одигра одличен меч против германскиот фаворит, кој досега имаше три победи во три натпревари во ЛШ.

Црвено-црните на почетокот губеа со 0:2, но се вратија во наттпреварот и го преземаа водството со 4:2. Водеа во првите 20 минути, пред германскиот клуб да израмни на 10:10. На полувреме, Вардар отиде со два гола предност, 17:15.

Флензбург успеа да израмни на стартот на второто полувреме, но потоа Вардар направи пет гола разлика на 10 минути пред крајот (27:22) и ја осигура победата.

Стоилов даде 8 гола, Кристијан Дисингер и Ловро Јотиќ додадоа по 4, а по три постигнати гола имаа Дибиров и Чупиќ. Кај гостите, Горан Јохансен имаше 6 постигнати гола.

На табелата први се Кјелце и Флензбург со по 6 бода, Порто и Мешков Брест имаат по 4, петти е ПСЖ со 2 бода колку што имаат и Вардар и Елверум, а на осмото место е Пик Сегед без бодови.

Фото: РК Вардар 1961/Denis Dukovski

Share
Scroll to Top