ПИК Сегед прв пат успеа да го победи Вардар во Скопје, во Лигата на шампионите. Вардар, вечерва е поразен од унгарскиот тим 26:28 (15:13). Вардар, по седум одиграни натпревари, во својата група, има пет порази и се наоѓа на последното место. Доколку не успее да избега од дното, Вардар во осмина-финалето ќе игра против Барселона.
Вардар, по голема борба, падна пред ПИК Сегед. Унгарците подобро го отворија мечот, водеа со 2:5 и 4:7, дури потоа Вардар влезе во вистинскиот ритам. Инспирирани беа Дисингер и Дибиров, Ристовски одбрани два пати, па Вардар на полувреме имаше два гола предност.
Црвено-црните ја одржуваа предноста од два до три гола до 44.минута, благодарение на Јотиќ, кога Унгарците израмнија на 20:20.
Од тој момент па се до последната минута се играше гол за гол. Вардар во егал го држеше пикерот Валчак, кој одигра блескави десет минути во кои постигна четири гола.
Неизвесната завршница им припадна на ПИК Сегед, кои знаеја да ги искористи своите шанси.
Јотиќ и Дибиров беа најефикасни кај Вардар, четири постига Валчак, додека кај Сегед со по шет гола се истакнаа Банхиди и Радвојевиќ.