Македонскиот првак Вардар го засили својот состав со Сирики Дијабате.
23-годишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска настапува на позицијата централен дефанзивец.
Со своите 192 сантиметри и физичките предиспозиции, Диабате ќе биде нова опција во одбранбената линија на црвено-црните.
Вардар го донесе Дијабате, како замена за Дарко Велковски кој се пресели во Бахреин.
Дијабате во кариерата има настапувано во Бугарија, во Ботев Пловдив и Ботев Враца, а во Вардар дојде од Втората лига на Катар, од екипата Муаитер.
Foto/ Instagram






