Вардар 1961 го прегази ГРК Охрид

Вардар 1961 го прегази ГРК Охрид

пред 4 часа

Требаше да биде дерби, на крајот се претвори во игра на „мачка и глушец“. Вардар 1961 во петото коло во победи ГРК Охрид со 27:18 (14:6).

Актуелниот првак на Македонија, лесно, се справи со амбициозните гости од Охрид. На стартот црвено-црните најавија во која насока ќе се движи овој натпревар. Со цврста одбрана, со која комадуваше голманот Валах, им дозволија на гостите да постигнат само три гола во првите 17 минути.

Тогаш стекнаа предност од пет гола, која до полувремето изнесуваше осум.

Работите на теренот останаа исти и во второто полувреме, Варда во 40-та минута стекна двоцифрена предност, а потоа мирно го приведе натпреварот кон крајот.

Со по пет гола најефикасни кај Вардар 1961 беа Абделхак, Љуевар и Фадхуиле.

Foto/ facebook.com/rkvardar

Share
Scroll to Top