Вардар 1961 поразен од Порто во „Јане Сандански“

Вардар 1961 поразен од Порто во „Јане Сандански“

пред 2 месеци

Фото/ facebook.com/rkvardar

Вардар 1961 доживеа пораз од Порто 22:26 во третото коло, во Лига Европа. За црвено-црните ова е втор пораз во ова натпреварување, а Порто ја забележа првата победа. Двата тима сега имаат по два бода, лидер е Мелсунген со три победи, а Валир е последен во групата без освоен бод.

Вардар успеа во првиот дел да ја стигне и престигне предноста на Порто од 3:6 и да го заврши овој период од играта со предност од два гола (12:10), меѓутоа црвено-црните потонаа во последните 20 минути.

Многу проблеми имаше Вардар со играта на Порто „седум на шест“, нападите им беа без идеа. Порто во клучните моменти го имаше и голманот Рема кој на крајот со 15 интервенции го предводеше својот тим.

Родригез со четири гола, односно Лазаревски и Крсманчиќ со по три беа најефикасни играчи на Вардар 1961. Порто во нападот го предводеа Оливеира и Диоку со по седум гола.

Share
Scroll to Top