Ведрана Тунески освои сребро на Европското Гранд При (Е6)

Ведрана Тунески освои сребро на Европското Гранд При (Е6)

пред 6 часа

Ведрана Тунески, членка на Таеквондо клубот Бутел, која освои сребрен медал на Европското Гранд При (Е6), во кадетска конкуренција до 51 килограм.

Со три победи против натпреварувачки од Франција, Турција и Кипар, Ведрана се пласираше во големото финале и освои сребрен медал во исклучително силна европска конкуренција.

Овој резултат претставува екстремно голем успех за македонското таеквондо, особено ако се земе предвид дека станува збор за олимписки спорт и за натпреварување на највисоко европско ниво во нејзината возрасна и тежинска категорија. Со освоениот медал, Ведрана обезбеди нови 32 бодови и директен пласман на Финалното Гранд При, отворајќи ја вратата за нови меѓународни успеси.

Овој резултат е потврда за нејзиниот талент, посветеност и напорна работа, но и за потенцијалот на македонското таеквондо да се натпреварува рамо до рамо со најдобрите во Европа.

Share
Scroll to Top