Ракометниот клуб Веспрем му врачи отказ на тренерот Давид Дејвис. Шпанецот го плати цехот за катастрофалната сезона, Веспрем не успеа да се пласира на завршниот турнир во Лигата на шампионите, а во Унгарија не успеа да ја одбрани шампионската титула.
Поранешниот поможник во стручниот штаб на Вардар и тренер на женскиот клуб н а Вардар, во Веспрем пристигна во 2019 година. Во својот мандат не успеа да го оставри сонот на неговите претходници, клупските челници и армијата навивачи, односно не успеа да ја освои Лигата на шампионите.
Оваа сезона, во која клубот влезе со големи амбиции, Лигата на шампионите ја заврши во четврт-финалето и поразот од Нант, а во Унргарија со двата порази од Пик Сегед остана без шампионскиот трофеј.
Веспрем објави дека најдоцна до 1.јули ќе го објави името на новиот тренер.