Поранешниот англиски фудбалер Вејн Руни сега е и поранешен тренер кој многу брзо ја заврши таа епизода.
Откако беше сменет во Бирмингем на 2 јануари, бидејќи имаше само две победи од 15 натпревари на последното место на Чемпионшип, реши да се откаже од таа професија.
Барем за некое време, откако се најавуваше дека во иднина ќе биде стручен коментатор.
Поточно, од претстојниот дуел помеѓу Манчестер Јунајтед и Евертон, два клуба кои ја одбележаа неговата кариера.
И после тоа влегува во светот на боксот, пишуваат англиските медиуми.
Имено, тој во рингот ќе влезе со КСИ, 30-годишен инфлуенсер, но и музичар, актер, па дури и боксер.
Досега КСИ имаше пет борби и четири победи.
Во петтата беше поразен од Томи Фјури, полубратот на светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури.