(Видео) Арсенал го слави голманот на Евертон, Њукасл го победи Челзи

(Видео) Арсенал го слави голманот на Евертон, Њукасл го победи Челзи

пред 4 часа

Фудбалерите на Арсенал го победија Евертон со 2:0, во рамките на 30-то коло. Во истиот термин, на другата страна од Лондон, Њукасл со 1:0 го совлада Челзи.

Лидерот во Премиер лигата, Арсенал, одигра уште еден лош натпревар и уште еднаш успеа да победи. Репрезентативниот голман на Англија, Џордан Пикфорд, со аматерска реакција во 89-та минута, му подари гол на противникот. Откако лошо процени една нафрлена топка, Пикфорд пливаше во воздухот, топката падна пред Ѓекереш кој од еден метар ја спроведе во мрежата.

Конечните 2:0, ги постави Макс Дауман во 97-та минута, во ситуација кога сите од Евертон, вклучувајчи го и голманот Пикфорд, беа пред голот на Арсенал.

Евертон не заслужи пораз, бидејќи имаше неколку колосални шанси, три во првото полувреме, преку Мекнил и Сјусбери-Хол, а Мекнил ја погоди и статаивата.

Арсенал сега има 70 освоени бода, дури 10 повеќе од Манчестер Сити, кој има два одиграни натпревари помалку.

Евертон е на осмото место на табелата со 43 бода на своето конто.

Во исто време, Њукасл го победи Челзи во дуел меѓу два тима кои имаат обврски овие денови во Лигата на шампионите.

Единствениот гол за „страчките“ го постигна Ентони Гордон во 18-та минута, по што резултатот не се промени.

Челзи изгледаше целосно исцрпен и се сопна во Премиер лигата, откако во средата потона во Париз, каде што беше поразен од ПСЖ со 2:5.

Њукасл го искористи тоа и славеше многу важна победа, а пред својот реванш со Барселона по 1:1 во првата средба.

Share
Scroll to Top