(Видео) Батлер и (не)очекуваниот херој Подзиемски го решија Хјустон

(Видео) Батлер и (не)очекуваниот херој Подзиемски го решија Хјустон

пред 13 часа

Кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 3-1 во четвртфиналната серијата, во Западната конференција, против Хјустон Рокетс.

Вориорс славеа во драматаична завршница со 109:106. Алперен Шенгун, кој во НБА го носи прекарот „Бејби Јокиќ“, го промаши шутот за победа, пред себе го имаше Дрејмонд Грин, еден од најдобрите дефанзивци во лигата.

Џими Батлер потоа ги погоди двете слободни фрлања и со тоа им донесе победа на „воините“. Батлер, кој поради повредата во вториот меч беше неизвесен и за овој натпревар ги предводеше Вориорс со 27 поени, шест асистенции и пет скока.

Инаку, икс фактор беше бекот на Вориорс Брандин Подзиемски кој постигна рекордни оваа сезона 26 поени. Стеф Кари постигна 17, а Бади Хилд 15 поени.

На спротивната страна, најдобар поединец на натпреварот беше Алперен Шенгун со 31 поен и 10 скока, но тоа не значеше многу по промашениот шут за победа.

Фред Ванфлит имаше 25, Амин Томпсон 17, додека Дилон Брукс го заврши натпреварот со 11 поени.

Серијата се враќа во Хјустон, каде што петтиот натпревар ќе се игра ноќта помеѓу среда и четврток од 01:30 часот.

Share
Scroll to Top