(Видео) Бирмингем гради спектакуларен стадион, планот е и да го врати Белингем

(Видео) Бирмингем гради спектакуларен стадион, планот е и да го врати Белингем

пред 3 часа

Кон средината на октомври, креаторот на популарната серија „Peaky Blinders (Пики Блајндерс)“, Стивен Најс, објави дека е дел од тимот што го подготвува проектот за изградба на новиот стадион на Бирмингем Сити. Проектот е презентиран и изгледа навистина спектакуларно.

Не станува збор само за стадион, како што беше првично најавено. Проектот вреди 1,36 милијарди евра. Претседателот на клубот, Том Вагнер, е убеден дека стадионот, кој ќе има 62.000 седишта, ќе го подигне клубот на многу повисоко ниво, како што рече „до самиот врв на светскиот фудбал“.

Стадионот „Powerhouse (Пауерхаус)“, како што ќе се нарекува, треба да биде завршен и отворен во 2030 година, а во Бирмингем се надеваат и дека еден ден во клубот ќе се врати и Џуд Белингам.

Засега, Белингам се согласи да учествува во промотивни видеа за новиот стадион.

„Мислам дека Џуд е најголемиот играч на планетата денешнината, а сè уште не сме го виделе неговиот целосен потенцијал. Тој е одличен не само како играч, туку и поради она што го прави за заедницата, што може да го направи како лидер. Кога би можеле да му дадеме платформа да го достигне својот целосен потенцијал, тоа би била одлична приказна. Одлична приказна за Бирмингем, за Англија, одлична приказна за враќање дома“, рече Вагнер.

Амбициите на Бирмингем пораснаа откако клубот беше преземен од корпорацијата Кингтајд, со поддршка на легендарниот Том Брејди. Иако сега се на 11-то место на табелата во Чемпионшип, сите во клубот веруваат дека е само прашање кога клубот ќе се врати во Премиер лигата.

Вагнер, како и Стивен Најт, се надеваат дека изградбата на комплексот ќе го промени целиот град засекогаш.

Најавено е дека комплексот ќе биде во функција 365 дена во годината. Самиот стадион е дел од спортски комплекс кој ќе вреди помеѓу 2,8 и 3,4 милијарди евра. Комплексот ќе вклучува и станбени згради, продавници, канцелариски простор, хотели и објекти за забава.

Share
Scroll to Top