Фудбалерите на Каљари и Јувентус ремизираа 1:1 (1:0) во натпреварот од шестот коло на италијанската Серија А.
Вечерва, Каљари не покажа ништо посебно, но еднаш ја казнија „старата дама“ од контранапад, во 20-та минута кога Даниел Малдини ја погоди мрежата.
Покрај тоа, Јуве постојано ја држеше топката и го бараше пат до голот на домашниот тим, но најчесто без успех.
Имаше шанси, Рандал Коло Муани ги имаше повеќето, реализира само една.
Во 81-та минута, Карим Алајбеговиќ одлично центрираше од левата страна, а францускиот напаѓач со глава ја смести топката во „малата мрежа“.
Коло Муани не реализираше голема шанса во 88-та минута, но од три метри ја погоди гредата.
Каљари преживеа и со овој бод стигна до четвртото место со 13 бода, додека Јуве е на шестата позиција со два помалку.
Foto/ EPA






