(Видео) Брентфорд го декласира Тотенхем

(Видео) Брентфорд го декласира Тотенхем

пред 2 часа

Фудбалерите на Брентфорд го надиграа и убедливо го поразија Тотенхем со 3:0 (2:0) во првото коло од новата сезона во Премиер лигата.

Тимот на Роберто Де Зерби донесе многу скапи нови играчи во текот на летото, но ниту еден од нив не се покажа како засилување во првото коло.

Спарс буквално беа разбиени од Брентфорд. „Пчелките“, одигра феноменален натпревар, победата ја најави Луис-Потер во 12-та минута по големата грешка на Бергвал.

Водството на домашните го удвои Јанелт во 33-та, а триумфот го запечати Кајод ево 49-та минута.

Триумфот на црвено-белите можеше да биде уште поголем бидејќи Игор Тијаго промаши пенал во 54-та минута. Неговиот удар заврши во стативата.

Менаџерот на Тотенхем, Де Зерби го започна натпреварот со четворица кои дебитираа за клубот во Премиер лигата – Сандро Тонали, Енди Робертсон, Јан Пол ван Хеке и Маркос Сенеси, а Матеус Фернандес влезе од клупата.

Тотенхем веќе потроши околу 265 милиони евра за трансфери ова лето. Најголемите зделки беа доаѓањата на Сандро Тонали, Матеус Фернандес и Јан Пол ван Хеке, додека Маркос Сенеси, Енди Робертсон и Мартин Дубравка пристигнаа без надомест.

Трошењето наскоро ќе експлодира дополнително, бидејќи Спарс ги комплетира трансферите на Савињо и Омар Мармуш од Манчестер Сити за вкупно околу 187 милиони евра. Доколку двете зделки се комплетираат по моментално договорените износи, вкупните летни трошоци на Тотенхем ќе се зголемат на околу 452 милиони евра.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top