(Видео) Валенсија: Јанакопулос е срам за Евролигата и Јанакопулос: Вие сте лажговци

(Видео) Валенсија: Јанакопулос е срам за Евролигата и Јанакопулос: Вие сте лажговци

пред 2 часа

Скандал мајсторот, газдата на кошаркарскиот клуб Панатинаикос, Димитирис Јанакопулос, вниманиетот по неверојатниот натпревар меѓу Валенсија и ПАО, целосно го сверте кон себе.

ПАО, со кошот на Хејс-Дејвис, со звукот на сезоната, по едно продолжение победи во „Роѓ арена“ со 107:105, но Јанакопулос направи хаос по завршувањето на натпреварот, поради што интервебирала и полицијата.

Полициските службеници ги евидентирале имињата на Димитрис Јанакопулос, како и на неговите придружници, и против нив ќе се спроведе истрага.

Причината се обвинувањата за сериозно недолично однесување против службениот персонал за обезбедување на „Роѓ Арена“. Во официјалниот извештај е наведено дека Јанакопулос стоел зад записничката маса и им викал на судиите барајќи фаул за својот тим.

Претходно, Валенсија ја повика Евролигата и сите службени лица да реагираат на однесувањето на грчкиот бизнисмен. Тренерот на шпанскиот тим, Педро Мартинез, исто така беше изненаден од она што се случуваше.

„Јасно е дека мора да му честитаме на противникот и дека имаат одличен тим. Но, нивниот претседател е срамен. Тој е срамен и тоа не смее да се случува во Евролигата, толку сериозно натпреварување. Не можеме да дозволиме такви луѓе, кои одат против вредностите на спортот, да бидат тука, да создаваат лоша атмосфера во спорт кој е прекрасен, каде што луѓето се обидуваат да дадат се од себе. Некои победуваат, некои губат, тоа е спорт. Но, тој човек да оди на записничката маса и да се обидува да влијае на играта… Тоа е сосема неприфатливо и Евролигата треба да реагира“, рече Мартинез.

„Господине Мартинез, би сакал да ви се обратам, по изјавата за мене во која ме повикавте, не ги знам сите имиња. Сакам да ви честитам затоа што сте одличен тренер, вашата Валенсија е неверојатна. Валенсија се претвори во голем клуб и вие сте една од причините, но она што го споменавте за мене е загрижувачко. Жал ми е, но вие сте лажго“, почна Јанакопулос и продолжи:

„Никогаш не стигнав до записничката маса. Отидов зад клупата на Панатинаикос и го изразив моето разочарување за прекршокот што не беше досуден. И да бидам искрен, откако ги гледав два натпревари, не мислам дека Валенсија треба да зборува за судиите. Тоа е тоа, имајте убав остаток од серијата. Единственото нешто што се случи е што загубивте со 2-0 дома по фантастичната сезона што ја имавте. Но, ако сакате да станете голем тим, а не само добар тим, мора да научите како да губите и да не го обвинувате тимот што победил.“

Share
Scroll to Top