(Видео) Вемби правеше чуда, Бриџис му го украде шоуто – Њујорк го победија Сан Антнио

(Видео) Вемби правеше чуда, Бриџис му го украде шоуто – Њујорк го победија Сан Антнио

пред 1 ден

Брилијантен натпревар во култниот „Медисон Сквер Гарден“ на Божик одиграа Њујорк Никс и Сан Антонио Спарс. Натпреварот кој Никс го добија со 117:114 го обелажаа Виктор Вембањама на едната и Микел Бриџис на другата, со 42, односно 41 поен.

Се чинеше дека Французинот ќе ги доведе Спарс до голем пресврт и триумф, се додека Бриџис не се „запали“ во последната четвртина и речиси сам не го реши овој меч.

Сан Антонио беше во голема серија во последната четвртина и имаше водство од 102:94.

Сепак, тогаш Бриџис со помош на Џош Харт ја презеде контролата врз играта и Њујорк го презеде водството кое го одбрани со серија од 6-0 во последната минута.

Микел Бриџис со 41 поен (17-250, четири асистенции, две украдени топки и две блокади, без загубени топки го предводеше Њујорк. Карл-Ентони Таунс имаше 21 поен и девет скока, Џејлен Брунсон 20 поени, седум скока и девет асистенции, а Џош Харт имаше 12 поени, 12 скока, шест асистенции и две украдени топки.

Блескаше на спротивната страна Виктор Вембањама, кој стана првиот играч во историјата на божиќните натпревари со 40+ поени, 15+ скокови и 5+ постигнати тројки. Тој постигна 42 поени (10/15 за два, 6/16 за три, 4/4 слободни фрлања), заедно со 18 скока, четири асистенции, украдена топка и четири блокади за 40 минути на паркетот.

Кај Спарс се истакнаа и Џереми Сохан со 21 поен, девет скока и две асистенции, како и Крис Пол со 13 поени, шест скока и седум асистенции и Девин Васел со 11 поени и пет асистенции.

Share
Scroll to Top