(Видео) Ветеранот Хумелс ја „продаде“ Рома, Лацио преживеа против Викторија, Ајнтрахт го растури Ајакс

(Видео) Ветеранот Хумелс ја „продаде“ Рома, Лацио преживеа против Викторија, Ајнтрахт го растури Ајакс

пред 23 часа

Атлетик Билбао, Ајнтрахт, Лацио и Бодо/Глимт изборија пласман во четвртфиналето во Лига Европа.

На „Сан Мамеш“ стадион кој е домаќин на финалниот меч, Атлетик ја совлада Рома со 3:1. Клучниот момент се случи во 11.минута, кога ветеранот Матс Хумелс најпрвин лесно продаде една топка, а птоа направи прекршок за црвен картон.

Со десетмина на теренот Рома немаше никави шанси.

Инаки Вилијамс погоди во третата минута од надополнувањето во првиот дел и го израмни резултатот во дуелот. Во 68.минута Берчиче зголеми на 2:0, а точка на мечот стави помладиот брат Вилијамс, Нико.

Рома почесниот гол го постигна преку Паредес од пенал, на истекот на натпреварот.

За разлика од градскиот ривал Рома, Лацио успеа да се пласира во четвртфиналето, но публиката на „“Олимпико долго време беше во страв бидејќи гостите водеа со голот на Павел Шулц до 77. минута. Потоа Алесио Ромањоли израмни за конечни 1:1.

Лацио оди понатаму благодарение на победата од 2:1 во првиот натпревар во Плзен, остварена во 90+8. минута.

Клубот од италијанската престолнина во четвртфиналето ќе игра против Боде/Глимт кој успеа да го елиминира Олимпијакос. Грците славеа со 2:1, но првиот дуел го загубија со 3:0.

Понатаму оди и Ајнтрахт со две победи над Ајакс. Пред една недела во Амстердам беше 2:1, а вечерва во реваншот во Франкфурт 4:1.

Share
Scroll to Top