Фудбалерите на Галатасарај го победија Ливерпул со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Галататасарај забележа голема победа на „Рамс Парк“ во Истанбул, го победија фаворизираниот Ливерпул со навивачкиот спектакл на трибините. Инаку со идентичен резулта, во септември минатата година, Галатасарај го победи Ливерпул во првата фаза од Лигата на шампионите.
Натпреварот започна со извонредна кореографија со емотивни мотиви поврзани со покојната мајка на нивниот најдобар играч, Виктор Осимен.
Беа подобри во текот на целиот натпревар и заслужено славеа, а единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 7-та минута.
Сара изведе корнер левата страна, потоа Осимен му асистираше на Лемина, а тој ја затресе мрежата на Англичаните за водство на Турците и голема радост на навивачите во црвено-портокаловата униформа.
Галатата имаше неколку одлични шанси во првото полувреме, но и Ливерпул успеа да се закани.
Во вториот дел прво, Галата поведе со 2:0 преку Осимен, но судиите го поништија тој гол поради офсајд позиција.
Десетина минути подоцна, Ливерпул одговори со гол на Вирџил ван Дајк по корнер, но по консултација со ВАР, судијата го поништи голот поради играње со рака од страна на Конате.
Сè потешко и потешко за Ливерпул беше како што времето минуваше и малку недостигаше да прими уште еден гол, но Осимен и Лемина беа непрецизни.
До крајот на натпреварот немаше промена во резултатот и по 90 минути одличен фудбал, Галатасарај излезе како победник, а за седум дена на „Енфилд“ ќе имаат историска шанса да го елиминираат Ливерпул и да се пласираат во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Foto/ EPA






