(Видео) Германските судии спречија пораз на Шведска од Унгарија

(Видео) Германските судии спречија пораз на Шведска од Унгарија

пред 4 часа

Германските судии Роберт Шулце и Тобијас Тонис се главната приказна од натпреварот Шведска – Унгарија (32:32) во претпоследното коло од втората фаза на Европското првенство. Она што се случи во последните секунди во Малме, само ја потврди констатцијата дека судиите се рак-рана на модерниот ракомет.

Чист седмерец над Золтан Сита, на пет секунди пред крајот, при резултат 32:32 не судеа Германците. Хампус Ване бранеше од шест метри, беше видливо од авион. Андреас Паличка ја одбрани топката. Во нападот беше досуден фаул, а потоа ветеранот го промаши својот гол во небранетата унгарска мрежа.

За Да биде скандалот уште поголем, Германците ја гледаа видео-снимката, а откако ја прегледаа целата ситуација, пресудија дека донеле добра одлука.

Коментарите по натпреварот се дека судиите и помогнале на Шведска (ко-домаќин на првенството).

Шведска, вечерва игра против Швајцарија, за да избори место во полуфиналето потребно е да победи, но и Исланд да не ја победи Словенија. Во најдобра позицијаа е Хрватска, со победа над Унгарија, Хрватите не само што би се пласирале во полуфиналето, туку и би ја избегнале Данска во оваа фаза од првенството.

Share
Scroll to Top