(Видео) Голманот Чанчаревиќ со гол му пресуди на АЕК

(Видео) Голманот Чанчаревиќ со гол му пресуди на АЕК

пред 2 месеци

Ерменскиот клуб Ноа кој во првото коло во квалификациите за Конференциската лига ја елиминира Шкендија, направи големо изненадување во третоот коло. Ноа, во Ерменија славеше над АЕК од Атина со 3:1.

Победата на Ноа ја најави српскиот голман, кој брани за репрезентацијата на Ерменија, Огњен Чанчаревиќ. Тој постигна гол во 67.минута за предност на Ноа од 2:1.

АЕК поведе со голот на Гарсија во 22.минута, а 12.минути подцна изедначи Пинсон. Во 67. минута, Чанчаревиќ малку посилно ја дегажираше топката од сопствениот шеснаесетник, таа падна на 18 метри од противничкиот гол, незгодно се одби го измами Стракоша и заврши во голот.

Конечните 3:1 ги постави во 98.минута Грегорио.

Победникот од овој двомеч во плејофот за пласман во групната фаза во Конференциската лига ќе игра против подобриот од дуелот Хајдук Сплит (Хрватска) – Ружомберок (Словачка).

Share
Scroll to Top