(Видео) Гринвуд исклучен против Рајо Ваљекано, судијата тврди дека го опцул

(Видео) Гринвуд исклучен против Рајо Ваљекано, судијата тврди дека го опцул

пред 11 месеци

Рајо Ваљекано, синоќа стави крај на серијата од осум натпревари без пораз, во која беа фудбалерите на Хетафе.

Рајо Ваљекано, со голманот Столе Димитриевски, забележа победа 2:0. Двата гола ги постигна Серхио Камељо.

Хетафе натпреварот го заврши со двајца играчи помалку на теренот, а црвен картон на клупата доби и Дамијан Суарез.

Судијата Хорхе Фигуероа Васкез, покажа и девет жолти картони.

Во 37.минута Хетафе остана без Латаса, кој го доби вториот жолт картон, а во 50.минута црвен картон доби Мејсон Гринвуд поради приговор.

Гринвуд во 50. минута предводеше брз напад на својот тим. Двајца играчи на Рајо Ваљекано се обидоа да го спречат со фаул, на крајот тоа им успеа. Гринвуд, лут што не беше досуден фаул, му дофрли нешто на судијата, а Фигуероа Васкез без размислување му покажа црвен картон. Гринвуд шокиран, побара објаснување од судијата зошто го исклучил, но не доби одоговор.

Видео од спорниот момент:

Подоцна, записникот од натпреварот ја откри верзијата на главниот судија. Образложи дека црвенот картон на Гринвуд му го доделил бидејќи фудбалерот му рекол „F*ck You“, што на англиски значи „е.и се“.

Англискиот фудбалер и неговиот тренер Хосе Бордалас, тврдат дека тоа не е точно, туку дека Гринвуд ја коментирал одлуката на судијата да не му досуди прекршок извикувајќи „F*ck sake“ или „да ти е.ам“.

Share
Scroll to Top