Фудбалерите на Валенсија победија како гости кај Алавес со 1:0 во натпреварот од шестото коло на Шпанското првенство. За тимот на Столе Димитриевски ова е прва победа во сезоната, а доаѓа по отказот што го доби тренерот Корберан.
Победничкиот гол за „Лилјаците“ го постигна Луис Риоха во 78-та минута. Риоха влезе од клупата во 62-та минута и доби шанса наместо Уго Дуро, а во 78-та круниса одлична асистенција на Хави Гера и постигна гол за Валенсија за водство од 0:1.
Сепак, тој се пожали на повреда за време на прославата, па беше заменет од Хесус Васкез во 82-та минута.
Голманот Димитриевски беше одличен на голот, заедно со капитенот Пепелу тој беше најдобро оценетиот играч на Валенсија.
Foto/ EPA
Luis Rioja breaks deadlock !!!
Alavés 0-1 Valenciapic.twitter.com/ev2fDJITDp
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 15, 2026

Luis Rioja breaks deadlock !!!
Alavés 0-1 Valencia




