Лука Дончиќ (25) се опоравува од повреда, а на натпреварот Далас – Оклахома (106:98) дојде облечен во целосно црвена комбинација. Со ова сакаше да му ја честита победата над Монако (88:82) на својот омилен клуб Црвена звезда во Евролигата.
„Црвена звезда. Објавете го ова задолжително“, рече Дончиќ по пристигнувањето во арената во Далас.
Видеото го објави и Црвена звезда која не потсети на фотографии од младоста на Дончиќ на кои се гледаат ознаките на белградскиот клуб. Познато е дека словенечкиот кошаркар редовно ги следи случувањата во Евролигата, а во една прилика изјави дека повеќе ги следи натпреварите од тоа натпреварување отколку што ја следи НБА лигата.
When the club you’ve supported since childhood achieves a very important victory in @EuroLeague
@luka7doncic
#kkcz #WeAreTheTea pic.twitter.com/9bHAFAwZ13
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) January 18, 2025
Дончиќ играше за Реал од 2015 до 2018 година, потоа се пресели во Далас. Тој е еден од најдобрите кошаркари на светот.
Да потсетиме, Дончиќ на Божик го напушти натпреварот Далас Маверикс-Минесота Тимбервулвс поради повреда во втората четвртина. Набрзо се дозна дека ова му е најтешката повреда откако е во НБА. Словенечката ѕвезда нема да игра најмалку еден месец поради истегнување на мускулот на левата потколеница.