(Видео) Египет е во полуфиналето на АК – Салах: Важно народот да биде горд

(Видео) Египет е во полуфиналето на АК – Салах: Важно народот да биде горд

пред 13 часа

Египет се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации откако го победи бранителот на титулата Брегот на Слоновата Коска со 3:2 во драматичен натпревар.

Херој на Египет, беше Мохамед Салах, кој постигна гол и забележа асистенција, а на крајот беше прогласен за играч на натпреварот.

„Пресреќен сум што поминавме понатаму. Натпреварот беше многу тежок, гледавте, пет гола, беше интересно да се гледа, но не и да се игра. Сепак, мило ми ешто на крајот успеавме да поминеме“, рече Салах.

Капитенот на Египет нагласи дека индивидуалните перформанси не се одлучувачки и дека заслугата му припаѓа на целиот тим.

„Важно ми е да видам дека египетскиот народ е горд на она што го направив и им се заблагодарувам уште еднаш. Но, вистинската тајна на денешната победа се играчите. Тие дадоа сè од себе.“

Египет брка рекордна осма титула во Африканското првенство, а полуфиналниот натпревар против Сенегал е закажан за среда во Тангер. Нигерија и Мароко ќе играат во второто полуфинале.

foto/ EPA

Share
Scroll to Top