(Видео) Елмас стартер во победата на Наполи

(Видео) Елмас стартер во победата на Наполи

пред 21 час

Наполи, вложи многу труд за да забележи победа во првиот меч од 10-то коло во Серија А. Во Лече актуелниот шампион победи со 0:1. Наполитанците победија благодарение на голманот Вања Милинковиќ-Савиќ и стрелецот на голот Замбо Ангиса.

Наполи многу лесно можеше да биде поразен во Лече. Вања Милинковиќ-Савиќ во 55-та минута од натпреварот, му одбрани пенал на Камарда.

Наполи, го казни Лече за промашениот пенал, кога Давид Нерес во 69-та минута му асистираше на Ангиса, а Камерунецот го совлада Фалконе.

Освен овие два детали, немаше многу возбудувања на стадионот „Виа дел Маре“. Политано ја имаше најдобрата можност во првото полувреме за гостите во 30-та минута, фати волеј, но шутираше малку покрај стативата. Лече можеше да поведе во 45+2 минута, но дури и тогаш Камарда беше непрецизен, шутираше речиси над пречката од голот на Милинковиќ-Савиќ.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во стартниот сотав на Наполи, одигра добар натпревар, а беше заменет во 85-та минута.

Share
Scroll to Top