Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, го нападна видео помошникот на судијата (ВАР) по поразот на неговиот тим од Нотингем Форест во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа со 1-0.
Шпанскиот стручњак беше бесен што играчот од средниот ред на Форест, Елиот Андерсон, не добил црвен картон за опасен старт врз Оли Воткинс.
Андерсон прво остана неказнет за лизгачкиот старт со кој ја освои топката, а потоа го удри глуждот на Воткинс со високо крената нога. Судијата Жоао Пињеиро не реагираше, а следеше само многу кратка проверка на ВАР, по што играта продолжи.
Should Anderson have been sent off here?
pic.twitter.com/JUDkOJaXnU
— EPL Bible (@EPLBible) April 30, 2026
Иако Форест на крајот славеше со голот на Крис Вуд од пенал, кој беше досуден веднаш по интервенцијата на ВАР, Емери ја прифати таа одлука, но затоа го изрази своето незадоволство за стартот врз Воткинс.
„Судијата беше фантастичен, фантастичен“, изјави Емери за Ти-Ен-Ти Спортс. „Но, ВАР-от е толку, толку лош. Тоа е чист црвен картон – не разбирам зошто ВАР не го повика судијата затоа што е толку очигледно. Тоа е многу, многу важно. Тоа е огромна, огромна грешка. ВАР-от е одговорен.“
И покрај критиките за технологијата, тој го пофали главниот судија. „Судијата – фантастична работа, 10 од 10. Го ценам начинот на кој ја водеше играта 90 минути“, додаде тој, а потоа повторно го нападна ВАР-от: „Но, ја погледнав снимката – неверојатно.
Огромна грешка. Можеше да си му скрши глуждот. Човече, ВАр каде си? Ве молам. Тоа е ваша одговорност, ние сме професионалци. Вие работите многу лошо затоа што беше очигледно за сите. Јас секогаш ги почитувам судиите, но ВАР-от, не го разбирам. Не е фер.“
Foto/ Depositphotos







