(Видео) Ентони Џошуа му ја скрши вилицата на јутјуберот Пол

(Видео) Ентони Џошуа му ја скрши вилицата на јутјуберот Пол

пред 6 часа

Шест рунди му беа потребни на британскиот тешкаш Ентони Џошуа да го нокаутира јутјуберот и боксерски почетник Џејк Пол во борба која од самиот почеток беше прогласена за една од најнееднаквите во историјата на боксот.

Пол го помина поголемиот дел од борбата избегнувајќи да влезе во дуел со Џошуа, на крајот потклекна на моќта на двократниот светски шампион.

Џошуа изгледаше сè пофрустрирано додека Пол ја избегнуваше борбата и танцуваше низ рингот. Сепак, британскиот боксер конечно се наметна и го нокаутира јутјуберот двапати во петтата рунда. Пол повторно беше на подот во шестата рунда пред Џошуа да го изведе тврдиот и чист десен удар, му ја скрши вилицата на Пол, што донесе ненадеен крај на надреалната ноќ во центарот Касеја во Мајами. Иако Американецот не успеа да се стане од подот на време, во салата имаше олеснување кога стана и го напушти рингот без помош.

„Не беше ова мое најдобро издание“, рече 36-годишниот Џошуа. „Крајната цел беше да се нокаутира Џејк Пол и да се повреди. Потребно беше малку подолго од очекуваното, но десницата конечно ја пронајде својата дестинација.“

Исходот од мечот беше очекуван, а контроверзниот натпревар повторно ги отвори прашањата за безбедносните ризици создадени од таков јаз во искуството, големината и силата.

За Џошуа, ова беше 29-та победа во 33 професионални настапи, а сега може да се сврти кон вистински предизвици – пред сè, долгонајавуваната пресметка со Тајсон Фјури.

Двајцата боксери од борбата заработија по 92 милиони долари.

Foto: Profimedia

Share
Scroll to Top