Жан Тод, потврди дека Михаел Шумахер два пати во кариерата, неспортски се обиде да освои шампионска титула. Легендарниот Тод, го потврди она што Ф1 фановите го знаеја.
Големиот Михаел Шумахер неспорски реагираше во Херез во 1997 година и во Монако во 2006 година, за што плати висока цена.
Поранешниот директор на Ферари и поранешен претседател на ФИА ги потврди приказните што со години кружат меѓу фановите на Формула 1. Тој исто така додаде дека тие два потега го чинеа Шумахер две титули светски шампион.
Во подкастот „High Performance“, поранешен близок соработник на Шумахер од нивните заеднички денови во „Скудерија“ детално опиша две ситуации кога Германецот не се однесувал витешки.
Првиот случај се однесува на крајот на шампионатот во 1997 година во Шпанија и инцидентот на патеката во Херез. Пред големото финале на сезоната, Шумахер беше прв во генералниот пласман со три бода повеќе од Жак Вилнев.
Кога Канаѓанецот, на патеката, го престигна Шумахер во својот Вилијамс, асот на Ферари намерно скршна за да го удри својот ривал и да го исфрли од трката.
„Го удри намерно, но го направи тоа на лош начин“, призна Тод, потврдувајќи ги долгогодишните сомнежи.
Тој успеа само делумно, бидејќи Вилнев успеа да стигне до боксот и да ја продолжи трката, за разлика од Шумахер кој веднаш се откажа. Вилнев заврши трет, освои четири поени и го прескокна Германецот во генералниот пласман. Но ФИА не застана тука.
ФИА одлучи да ги помишти сите резултати на Шумахер таа сезона, па второто место во шампионатот му припадна на Хајнц-Хералд Францен од Џордан.
Вториот инцидент се случи за време на квалификациите за Големата награда на Монако во 2006 година. Таа сезона, Шумахер водеше големи битки со младиот Фернандо Алонсо за титулата светски шампион.
Знаејќи дека има пол-позиција, но и дека младиот Шпанец во Рено има шанса за уште еден брз круг, Шумахер буквално го паркираше својот автомобил во кривината Раскас, преправајќи се дека има технички проблем.
На тој начин го спречи Алонсо да продолжи со брзиот круг, а во исто време квалификациите завршија.
Судиите решија да го казнат Шумахер и го вратија на последната позиција на стартот.
„Во Монако во 2006 година, во квалификациите против Алонсо, тој намерно предизвика пауза. Тоа го чинеше титула во шампионатот“, рече Тод.
Таа сезона, Алонсо ја одбрани својата титула со 13 поени разлика пред својот голем ривал.
Тод верува дека поради тие две одлуки, Шумахер не ги освои осмата и деветтата титула светски шампион.
И покрај сè, Тод ја нагласи величината на Шумахер.
„Михаел е исклучителен човек“, заклучи тој.






