Златан Ибрахимовиќ постигна многу прекрасни голови во својата неверојатна кариера. Имаше се од чудесни удари од далечина, егзекуции по нереални дриблинзи, импресивни голови со кунг-фу удари.
Сепак, голот на кариерата го постигна против Англија во Стокхолм на 13 декември 2012.
Пријателски натпревар одиграа Шведска и Англија, Златан веќе имаше постигнато три гола, а при резултат 3:2 во судиското надополнување, Златан со ножички од 40 метри успеа да го совлада Џо Харт.
Покрај тоа што е фудбалски генијалец, Ибрахимовиќ е исто така крајно егоцентричен и тешко признава дека некој е подобар играч од него или дека некој постигнал подобар гол.
Во неодамнешното интервју, Златан беше запрашан кој е најубавиот гол што го видел, а не е негов.
„Леле, сите мои голови се луди, затоа што сум висок 197 сантиметри и тежам 97 килограми и не е нормално да постигнувам такви голови со оглед на мојата конституција. Но, голот што посакувам да е мој е голот на Зинедин Зидан во финалето на Лигата на шампионите против Баер Леверкузен. Зидан постигна гол со левата нога од волеј, а таков удар е невозможно да се повтори. Сепак, во Топ 10 најубави голови досега, има барем пет мои“, низ смеа изјави Швеѓанецот.