Фудбалерите на Интер со многу среќа успеаја да победа во Верона, во 10-то коло, во Серија А. На „Бентегоди“, Интер победи со авто-гол во 94-та минута од натпреварот.
Интер ја забележа својата седма победа и се израмни на табелата со Рома на второто место со 21 бод, додека Верона сè уште е без победа, а по петтиот пораз се наоѓа на 18-то место.
Интер, на време го постигна првиот гол, во 16-та минута, Чалханогдлу од корнер го „гаѓаше“ Зјелински на линијата од 16 метри, а Полјакот само го отвори стаполото и ја закова топката во голот.
La sciabolata tesa di #Calhanoglu, la coordinazione di #Zielinski…
POESIA#VeronaInter #InterFans pic.twitter.com/Je1nNn9jYs
— InteЯeverse (@InteReverse_) November 2, 2025
Верона одговори преку младиот Бразилец Џовани во 40-та минута. Во финишот Интер имаше среќа бидејќу ударот на Орбан заврши во стативата.
Во второто полувреме, Интер ја имаше теренската иницијатива, но не успеа да ја претвори во гол. И кога се очекуваше дуелот да заврши 1:1, среќата им се насмевна на фудбалерите на Интер.
Во четвртата минута од судиското продолжение по центаршут, топката го погоди Мартин Фрезе во главата и заврши зад грбот на неговиот голман.
Во следното коло, „нероаѕурите“ ќе го пречекаат Лацио на домашен терен, додека Верона ќе гостува кај Лече.






