(Видео) Кари со тројка од девет метри им пресуди на Феникс

(Видео) Кари со тројка од девет метри им пресуди на Феникс

пред 7 месеци

Стеф Кари во пресрет на Ол-стар натпреварот игра во неверојатна форма. Најдобриот шутер во историјата на НБА лигата, на последните два натпревари постигна вкупно 20 тројки (11 Индијана, девет изминатата ноќ против Феникс).

Голден стејт Вориорс славеа драматична победа над Феникс Санс 113:112. Тројка за победа постигна Кари на 0,7 секунди до крајот.

Кари натпреварот го заврши со 30 поени, девет скока и шест асистенции. Ова е четвртинегов натпревар во низа на кој постигнува најмалку 30 поени.

Share
Scroll to Top