Кливленд Кавалирс не запираат, во Филаделфија ја продолжија победничката серија и го подобрија рекордот на франшизата. Кавалирс имаат 13 победи во исто толку натпревари, тие се единствени без пораз во НБА лигата.
Кавалирс во Филалделфија победија со 114:106 и станаа шестиот тим во НБА кој ја започнал сезоната со најмалку 13 победи.
Донован Мичел и Дариус Гарланд беа тандемот кој беше најзаслужен за продолжување на фантастичната серија.
Мичел 13 од вкупно 23 поени постигна во последната четвртина, беше на прагот на трипл-дабл забележувајќи 13 скока и девет асистенции.
Од друга страна, Гарланд имаше учинок од 25 поени со пет скока и шест асистенции.
Интересно е што од претходните пет екипи кои имаа скор од 13-0, четири успеаја да стигнат до финалето на НБА, но само Хјустон Рокетс во 1993/94 година успеа да освои шампионски прстен.