Хорхе Мартин, возачот на Прамак Дукати победи во спринтот пред главната трка во Малезија. Наговиот единствен ривал за титулата Пеко Бањаја не ја заврши трката. Шпанецот со овој триумф дојде на чекор до титулата во Мото Гп шампионатот.
Мартин ја забележа седмата победа во спринтот сезонава на патеката Сепанг и благодарение на излетот на бранителот на титулата Франческо Бања, во недела има шанса да го постигне најголемиот успех во кариерата.
По ваквиот исход, Мартин има 29 бода предност пред возачот на Дукати, што значи дека ако во недела освои девет бода повеќе од Бањаја ќе ја освои титулата.
Најблиску до возачот на Прамак во спринтот беше Марк Маркез на Гресини Дукати, додека на третото скалило на победничкиот подиум беше возачот на фабричкиот тим на Дукати, Енеа Бастианини.
По нивната неверојатна борба во квалификациите, дуелот меѓу Бањаја и Мартин продолжи и во спринтот. Пред почетокот на трката започна да паѓа дожд. Шпанецот поведе, актуелниот шампион беше многу блиску, додека нив ги следеше постариот Маркез. И токму кога Мартин имаше неколку мали грешки и се чинеше дека Бањаја може да го нападне, во четвртиот круг направи една од најголемите грешки во сезоната (а ги имаше доста) и излета од патеката.
THAT COULD BE IT!
THAT COULD BE THE MOMENT WHERE @PECCOBAGNAIA LOSES THE 2024 #MotoGP WORLD CHAMPIONSHIP! #MalaysianGP pic.twitter.com/LC8AmtSm2t
— MotoGP (@MotoGP) November 2, 2024
Маркез на тој начин го наследи второто место, додека Бастианини дотогаш стигна до третото место, а до финишот немаше промени.
Помладиот Маркез, Алекс, откако падна по поредокот на стартот, успеа да стигне до четвртото место, пред Фабио Квартаро на Јамаха, пред вториот возач на Прамак, Франко Морбидели. Освојувачите на поени ги комплетираа тркачкото дуо на КТМ Бред Биндер и Џек Милер, односно Педро Акоста од Гас Гас КТМ.