(Видео) Коло Муани ја реши Белгија, Италија со покер голови го испрати Израел

(Видео) Коло Муани ја реши Белгија, Италија со покер голови го испрати Израел

пред 2 месеци

Фудбалерите на Франција ја совладаа Белгија во дербито на А дивизијата на Лигата на нации. Во вториот меч од групата Италија без проблеми го победи Израел.

Французите, без Мбапе, во Брисел на стадионот „Крал Бодуен“ ја победија домашната екипа со 2:1.

Французите на тој начин ги задржаа шансите први да ја завршат во оваа група, бидејќи сега имаат само бод помалку од Италијанците на две кола до крајот.

Франција победи благодарение на головите што ги постигна Рандал Коло Муани. Трагичар е Белгиецот Јури Толеманс, играчот на Астон Вила при резултат 0:0 не реализираше пенал.

Франција дојде до предност од пенал, а во последниот напад во првиот дел изедначи Опенда. Во вториот дел Коло Муани во 62.минута го постигна вториот гол. Французите мечот го завршија со играч помалку, поради два жолти картони исклучен беше капитенот Чуамени.

Италија ја оправда улогата на фаворит против селекцијата на Израел, победи со 4:1.

Ретеги го постигна првиот гол во 41.минута. Во 55 погоди Ди Лоренцо, а потоа Изреалците намалија со голот на Абу Фани. До крајот на мечот Италија постигна уште два гола преку Фратези и ДИ Лоренцо.

Италија со 10 бода ја предводи групата 2, бод помалку има Франција, Белгија освои четири, а Израел е без освоен бод.

Италија во следното коло ќе и гостува на Белгија, а Израел ќе патува во Франција.

Share
Scroll to Top