Комо продолжува да ги меле своите противници во Серија А. Моќта на тимот, на Сеск Фабрегас, ја почувствува и Пиза. Во првиот неделен натпревар од 30-то коло на Серија А, Комо убедливо победи против Пиза со 5:0.
Комо ја забележа 16-та победа во сезоната и остана три бода пред Јувентус на четвртото место на табелата.
Серијата голови ја отвори во седмата минута Асан Диао. Стрелецот на првиот гол во 29-та минута му асистираше на Анастасиос Дувикас, кој го зголеми резултатот на 2:0.
Мартин Батурина, кој влезе во игра на полувреме, упати фантастичен удар и постигна гол од работ на шеснаесетникот за 3:0.
Мрежата на Комо се тресеше во 60-та минута, но проверката на ВАР покажа дека Хенрик Мајстер бил во офсајд.
Нико Паз го постигна четвртиот гол во 75-та минута, а точка на натпреварот стави Масимо Пероне шест минути подцна.
Комо има осум натпревари до крајот на сезоната. Че гостуваат кај Удинезе, Сасуоло, Џенова, Верона и Кремонезе. Дома ќе играат против Интер, Наполи и Парма.
Foto/ EPA






