Во натпреварот од шестото коло на англиската Премиер лига, Ливерпул победи со 2:1 на гостувањето кај последнопласираниот тим во лигата Вулверхемптон.
Тимот на Арне Слот на тој начин ја забележа петтата победа сезонава и со тоа го престигна актуелниот шампион Манчестер сити на врвот на табелата.
Ливерпул поведе со голот на стоперот Ибрахим Конате во судиското надополнување на првото полувреме. Домаќините се вратија во вториот дел кога алжирскиот дефанзивец Рајан Аит Нури погоди во 56. минута. Победата на Ливерпул му ја обезбеди во 61. минута Мохамед Салах со гол од пенал.