(Видео) Кристал Палас во 95.минута му ја украде победата на Сити

(Видео) Кристал Палас во 95.минута му ја украде победата на Сити

пред 9 месеци

Фудбалерите на Кристал Палас го направија најголемото изненадување во 17. коло од Премиер лигата. Екипата од Лондон одигра 2:2 на теренот на шампионот Манчестер сити.

Кристал Палас ја продлабочи кризата на „граѓаните“. Ова беше нивни петти меч од последните шест на кои не победија во рамките на Премиер лигата, во овој период Сити единствено го победи Лутон.

Избраниците на Гвардиола водеа со 2:0 со головите на Грилиш и Луис, но не победија. Матета намали во 76.минута, а потоа во 95. тој избори пенал, кој во гол за 2:2 го претвори Олисе.

Сити сега, со натпревар повеќе заостанува три бода зад лидерот Ливерпул.

Резултати:

Челзи – Шефилд Јжјунајтед 2:0 (0:0)
Палмер 54, Џексон 61

Њукасл – Фулам 3:0 (0:0)
Мајли 57, Алмирон 64, Брн 82

Share
Scroll to Top