(Видео) Лацио е во финалето на Купот – Голманот одбрани четири пенали

(Видео) Лацио е во финалето на Купот – Голманот одбрани четири пенали

пред 4 часа

Лацио ќе му се спротивстави на Интер во финалето, во Купот на Италија. Во Бергамо, Лацио по изведувањето пенали ја победи Аталанта. По првиот меч во Рим беше 2.2, реваншот по 120 минути борба заврши 1:1, а пенал серијата заврши 2:1 за Лацио. Херој на „бјанко челестите“ е 21-годишниот голман Едоардо Мота, кој одбрани четири удари од белата точка.

Аталанта и Лацио одиграа здодевен реванш, играчите оптоварени со татктички замисли на тренерите, повеќе се гриѓеа да не примат отоколку да постигнат гол.

На Аталанта и беше поништен гол во 61-та минута, ВАР и главниот судија преусдија дека Едеросон го фаулирал голманот Мота.

Во 84-та минута Ромањоли постигна гол за Лацио, а две минути подоцна возврати Пашалиќ. Мота се истакна и во последната минута од регуларниот тек на натпреварот, кога го одбрани ударот на Скамака.

Уште еден гол на стартот на првото продолжение и беше поништен на Аталанта. Асистентот Запакоста беше во офсајд.

Пенел рулетот потоа донесе вистинска драма и неочекуван херој.

Распадори погоди за Аталанта, а Карнезеки го одбрани ударот на НуноТавареш. Потоа на сцена стапи Мота ги одбрани ударите на Скамака, Запакоста, Пашалиќ и Де Кеталаре. За Лацио во втората серија стативата ја погоди Каталди.

За победникот прецизни беа Исаксон и Тејлор, во третата и четвртата серија.

Финалниот меч во кој Интер ќе игра за 10-от, а Лацио за осмиот пехар, ќе се одигра на „Олимпико“ на 13 мај.

Share
Scroll to Top