(Видео) Лацио не запира, Лече падна во Рим

(Видео) Лацио не запира, Лече падна во Рим

пред 44 минути

Лацио го зголеми водството на врвот на италијанската Серија А, откако го победи Лече со 3:0 на домашен терен во натпреварот од 12-то коло.

Херој на победата на римскиот тим беше Холанѓанецот Тижани Нослин, кој ги постигна првите два гола на натпреварот, во 25-та и 68-та минута.

Победата на Римјаните беше комплетирана во последната минута од натпреварот кога Фратеси постигна гол за 3:0.

Ова беше јубилејна десетта лигашка победа оваа сезона за Лацио. Со тоа, Лацио го потврди првото место на табелата. Лацио 32 бода, односно четири повеќе од актуелниот шампион Интер, кој има натпревар помалку.

Share
Scroll to Top