(Видео) Леао го крена Милан на челната позиција во Серија А

(Видео) Леао го крена Милан на челната позиција во Серија А

пред 8 часа

Во последниот неделен дуел во Серија А, Милан ја победи Фиорентина благодарение на пенал во самиот финиш од натпреварот. Милан победи по пресврт, 2:1, а херој беше Рафаел Леао, кој ги постигна двата гола за Росонерите.

Во првото полувреме немаше голови, а најдобрата шанса во овој дел од натпреварот ја имаше Страхиња Павловиќ кој по слободен удар имаше можност да шутира, се обиде од блиску, но топката помина преку пречката.

А потоа, во 55-та минута, Фиорентина поведе. Робин Гусенс стигна до одбиената топка и постигна гол.

Радоста на гостите не траеше долго. Страхиња Павловиќ испрати добра топка, Рафаел Леао изгради позиција и испрати вистински проектил и постигна гол за израмнување.

Милан се закани и во 76-та минута преку Сантијаго Хименез, но немаше промена на резултатот. И потоа целосна драма во 81-та минута кога Хименез беше тој што падна во шеснаесетникот.

Во првиот момент, судијата покажа дека нема пенал, а неколку минути подоцна отиде да ја погледне снимката и ја промени одлуката.

Во 86-та минута, Леао го совлада Давид де Хеа и му донесе на Милан целосен пресврт на овој натпревар.

Со оваа победа, петта во сезоната, Милан го зазеде првото место на табелата со бод повеќе од Интер, Наполи и Рома. Фиорентина продолжува да се мачи, сега имаат четири порази и три нерешени резултати и се на 18-то место на табелата.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top