(Видео) Леброн промаши шит за победа, Орландо ги изненади Лејкерси

(Видео) Леброн промаши шит за победа, Орландо ги изненади Лејкерси

пред 4 часа

Кошаркарите на Орландо направија изненадување во Лос Анџелес со победата над Лејкерси – 110:109.

Леброн Џејмс промаши шут за победа во последната секунда, откако нерешителниот Лука Дончиќ му даде „жежок костен“ во рацете.

За време на средбата, „езерџиите“ во неколку наврати имаа двоцифрена предност, но овој пат тоа не беше доволно.

Вандер Картер им донесе водство на Меџик на 6,7 секунди пред крајот, што беше доволно за победата на крајот.

Паоло Банкеро ги предводеше гостите со 36 поени, 10 скока и шест асистенции, Дезмонд Бејн додаде 22 поени и шест асистенции, додека претходно споменатиот Картер имаше 20 поени и 11 скока.

Од друга страна, Лука Дончиќ постигна 22 поени, 15 асистенции и девет скока, Диандре Пејтон 21 поен и 13 скока, а Леброн Џејмс забележа 21 поен, шест скока и четири асистенции.

Лејкерси сега имаат скор од 34-23, додека Орландо има скор од 31-26.

НБА, резултати:

Индијана – Филаделфија 114:135
/Нембхард 23 – Макси 32/

Атланта – Вашингтон 119:98
/Куминга 27 – Рајли 18/

Бруклин – Далас 114:123
/Портер 26 – Бегли 22/

Кливленд – Њујорк 109:94
/Мичел 22 – Брансон 20/

Торонто – Оклахома 107:116
/Берет 21 – Волас 27/

Чикаго – Шарлот 99:131
/Бузелис 32 – Милер 23/

Милвоки – Мајами 128:117
/Портер 32 – Пауел 26/

Њу Орлеанс – Голден Стејт 113:109
/Вилијамсон 26 – Мелтон 28/

Феникс – Бостон 81:97
/Гилспи 15 – Вајт 22/

Портланд – Минесота 117:124
/Холидеј 22 – Едвардс 34/

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top