Европскиот шампион Манчестер Сити го совала германскиот Баерн Минхен со 2:1 на пријателскиот натпревар на турнејата низ Азија. „Граѓаните“ славеа со голот на Лапорт во финишот од дуелот.
Манчестер Сити имаше водство од 1:0 по првото полувреме со голот на младиот Мекати.
Баерн Минхен успеа да израмни преку Матис Тел во 81.минута. Но, Манчестер Сити возврати само пет минути подоцна и со голот на Ајмерик Лапорт во 86.минута дојде до триумф.