(Видео) Мбапе ја реши Турција па се повреди

(Видео) Мбапе ја реши Турција па се повреди

пред 2 часа

Зинедин Зидан со победа го започна мандатот на клупата на Франција. Легендата на „триколорите“ по речиси пет години седна повторно се најде во улога на тренер. Франција победи во Турција со 1:0.

За првиот гол и првата победа на Франција во ерата по Дидие Дешам се погрижи Килијан Мбапе. Напаѓачот на Реал во 54-та минута во гол ја претвори асистенцијата на Михаел Олисе.

Но моментот кога го постигна голот Мбапе се повреди, пет минути подцна ја напушти играта.

Алармот веднаш се вклучи во Мадрид. Реал нема добар почеток на сезоната, веќе забележа два порази, па евентуалното подолго отсуство на најдобриот стрелец би било рамно на катастрофа.

Извесно е дека Мбапе веднаш ќе се врати во Мадрид, утре ќе биде испратен на магнетна резонанца за да биде одреден степенот на повредата.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top