(Видео) Медведев го допре дното – Пораз 6:0, 6:0 од Беретини

(Видео) Медведев го допре дното – Пораз 6:0, 6:0 од Беретини

пред 4 часа

Италијанскиот тенисер, Матео Беретини го декласираше светскиот број 10 Данил Медведев во второто коло од Мастерсот во Монте Карло, победувајќи го со 6:0, 6:0 за само 49 минути.

Дефинитивно ова е најтешкиот пораз во кариерата на рускиот тенисер, поранешен светски број 1.

Медведев одигра катастрофален натпревар, што го потврдува и статистиката: направи пет двојни грешки, имаше само 36% од своите први сервиси и дури 27 неизнудени грешки.

За прв пат во кариерата, загуби меч без да освои гем, а имаше само две гем топки, токму на почетокот од натпреварот, на сервисот на италијанскиот тенисер.

Фрустрацијата кулминираше откако го загуби осмиот гем по ред, со резултат 6:0 и 2:0 од Беретини, некогаш шести, а денес 90-ти тенисер на АТП листата. Русинот го скрши рекетот, а потоа го фрли во корпа за отпадоци. Погледнете го неговиот гнев ТУКА.

Со оваа победа, Беретини се квалификуваше за осминафиналето на турнирот, без загубен гем.

Во првото коло, Италијанецот играше против Роберто Баутиста Агут, кој му го предаде мечот поради повреда кога Беретини водеше со 4:0 во првиот сет. Победата против Медведев е негова прва победа против играч од топ 10 во светот оваа година.

Share
Scroll to Top