Фудбалерите на Интер и Наполи одиграа нерешено 2:2 во дерби натпреварот од 20-то коло од Серија А.
Нероаѕурите не го искористија вториот последователен неуспех на Милан, кој ремизираше со Фиорентина. Наполи ја прекина серијата од шест последовни победи во која се наоѓаше Интер.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, го одигра целиот натпревар, му аситираше на Скот Мектоминеј за првиот гол. Без сомнение ова беше најдобриот меч од почетокот на сезоната за Елмас. Според италијанските медиуми беше вториот најдобро оценет играч на Наполи, подобар од него беше само стрелецот на двата гола Мектоминеј.
Интер два пати водеше во дербито, но Мектоминеј не му дозовли да победи. Ди Марко го постигна првиот гол по девет минути игра, а изеднаши Шкотланѓанецот во 26-та.
Овој резултат се смени во 73-та минута кога Чалханоглу погоди од пенал. На пеналот му претходеше дуел меѓу рахмани и Мхитаријан, а судијата Довери досуди пенал по интервенцијата од ВАР собата. Поради неговата одлука бурно протестираше тренерот на Наполи, Антонио Конте, па доби црвен картон.
Осум минути подоцна, Мектоминеј изедначи на 2:2, откако ја следеше акцијата на Ноа Ланг. До крајот Интер имаше шанса за победа, но ударот на Мкитаријан во 95-та минута заврши во стативата.
— OvoOno (@OvoOnoX) January 11, 2026
Интер остана лидер на табелата со 43 поени, три повеќе од Милан и четири од Наполи и Рома.
Foto/ EPA






