(Видео) Меси со гол и хет-трик асистенции го однесе Интер во финалето на Истокот

(Видео) Меси со гол и хет-трик асистенции го однесе Интер во финалето на Истокот

пред 5 часа

Фудбалерите на Интер Мајами го победија Синсинати со 4:0 во полуфиналето од плејофот на МЛС.

Лионел Меси блескаше како во своите најдобри денови во дресот на Барселона. Малиот магионичар беше вклучен во сите четири гола на својот тим.

Искусниот фудбалер му донесе водство на Интер во 19-тата минута по додавање од Силвети. Во второто полувреме забележа три за своите соиграчи. Мрежата ја затресоа Силвети и двапати Аљенде по акциите започнати од Меси.

Интер во финалето на Источната конференција ќе игра против Њујорк Сити, кој ја победи Филаделфија Јунион со минимален резултат.

Единствениот гол на овој натпревар го постигна Моралес во 27-та минута.

Ванкувер Вајткепс се пласираа во финалето на Западот со победа над Лос Анџелес ФК, по изведувањето на пенали. Резултатот беше 2:2 по 90 и 120 минути. Пенал серијата Вајткепс ја добија со 4:3.

Вајткепс ќе го дознаат својот ривал за финалето на Западот во ноќта помеѓу вторник и среда кога ќе се сретнат Сан Диего и Минесота.

Share
Scroll to Top